Раководството на Пари Сен Жермен сериозно размислува да направи обид да го ангажира голманот на Манчестер Јунајтед, Дејвид де Хеа во текот на летото. Според „Сан“, парижаните се подготвени да платат околу 60 милиони евра за него.
Во оваа сезона, на голот на шампионот на Франција стоеа Алфонсо Ареола и Џанлуиџи Буфон, кој има договор до крајот на следната сезона.
Оваа сезона Де Хеа ги одигра сите 35 меча во Премиер лигата за Јунајтед. Шпанскиот голман има договор со „црвените ѓаволи“ до крајот на следната сезона, но веќе 12 месеци не успева да се договори со раководството на тимот за потпишување на нов договор.
ПСЖ, пак, подготвува трансфер на дефанзивецот Тома Муние. За услугите на белгискиот репрезентативец се заинтересирани Манчестер Јунајтед, Челси и Арсенал. Парижаните се подготвени да го ослободат 27-годишниот дефанзивец за околу 26 милиони фунти, па тој би можел да биде искористен како дел од договорот за Де Хеа.
Договорот на Муние со ПСЖ истекува во летото 2020 година. Во тековната сезона тој зеде учество во 29 натпревари на сите турнири, постигна 5 гола и даде 9 асистенции.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.