ПСЖ подготвува понуда во висина од 65 милиони фунти за крилниот напаѓач на Кристал Палас, Вилфред Заха, пишува „Експрес“. Англичанецот веќе изразил желба и им соопштил на клупските шефови дека сака да ја промени средината на лето и да го напушти „Селхрст Парк“.

Неговото име се поврзуваше со Тотенхем и Борусија Дортмунд, но ПСЖ се подготвени да понудат најбогата понуда за него.

Пред неколку години, Заха беше дел од Манчестер Јунајтед, но не успеја да се наметне во составот на Мојс. Сега, сепак тој е на пат да добие нова голема шанса да се врати на големата сцена.

Оваа сезона, Заха има постигнато 8 гола во 30 натпревари за Критал Палас во Премиер лигата.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.