ПСЖ, Баерн Минхен и Арсенал се заинтересирани да го донесат во своите редови Кристијан Ериксен од Интер, објави денеска италијанскиот весник „Tuttosport“.
Данскиот репрезентативец не се наметна кај тренерот на Интер, Антонио Конте, и во јануарскиот преоден рок ќе го напушти италијанскиот прволигаш.
Весникот наведува дека засега во игра се три опции, Ериксен да биде ослободен од обврските за околу 30 милиони евра, да биде пуштен во друг клуб како позајмен играч или да биде вклучен во евентуална размена на играчи.
Ериксен би можел да биде заменет со Гранит Џака од Арсенал, Леандро Паредес од ПСЖ или Корентен Толисо од Баерн Минхен, наведува истиот извор.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.