За првпат по околу две години, навивачите на Реал Мадрид имаат повеќе причина да се насмевнат од Барселона во однос на настапот во Ла Лига. „Белиот балет“ ја совлада Селта со 3:1 како гостин, а шампионите претрпеа болен пораз од Атлетик (Билбао) со феноменален гол на Ариц Адуриц во 88-та минута.
Така, за прvпат по цели 818 дена, Реал Мадрид е пред Барселона во пласманот во Примера дивизион. Последниот пат кога се случи ова беше на крајот на сезоната 2016/17 година, кога „Лос Бланкос“ станаа шампион.
Изданието „Марка“, сепак, известува дека за прв пат од сезоната 2007/08 година, Реал е пред Барса на табелата, по одигрувањето на првото коло, а тогаш „Лос Меренгес“ исто триумфираа и со титулата.
Следниот натпревар од Ла Лига за Реал Мадрид е на домашен терен против Ваљадолид, додека Барселона го пречекува Бетис.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.