Првиот човек на ФФМ Mуамед Сејдини вели дека е многу среќен што Македонци и Албанци се борат во репрезентацијата и дека конечно и етнички Албанци почнале да навиваат за Македонија и оти во минатото тоа не било случај.

Јас најмногу сум горд на заедништвото кое го отсликува оваа репрезентација без разлика на вера и нација. Знаете ли колку ме прави среќен кога гледам како и Албанците во Македонија сега со сето срце навиваат за македонската репрезентација. А, да не се лажеме, не било секогаш така во минатото. Може само да кажам дека успеавме, и на тој план- објасни Сејдини за „Екипа“



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.