Генералниот директор на Црвена звезда, Звездан Терзиќ потврди дека е позитивен на ковид-19.

Црвена звезда има пет фудбалери кои се позитивни на коронавирус, а на нив сега им се приклучува и генералниот директор на клубот, Звездан Терзиќ.

Позитивен сум на ковид-19. Резултатот го добив по вчерашното тестирање. Во саботата пред прославата на титулата се тестирав и бев негативен. Но изминатите два дена имав покачена телесна темепература и новиот тест покажа дека имам коронавирус. Во моментов сум дома, се чувствувам подобро, немам температура и се надевам дека за неколку дена се ќе биде во ред“, изјави Терзиќ.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.