Спасувачите кои го пронајдоа паднатиот авион со кој патуваше аргентинскиот фудбалер Емилијано Сала, објавија дека во остатоците било видливо тело. Авионот беше пронајден вчеравечер по речиси две седмици од моментот на исчезнување.

Во овој момент нема повеќе информации, официјалните лица само потврдуваат дека се работи за тело кое ќе треба да биде извлечено, а потоа идентификувано. За пронаоѓањето тело во срушениот авионот, како што пренесуваат англиските медиуми, информирани се и двете семејства, на Сала и на пилотот Дејвид Иботсон.

Допрва ќе се истражуваат причините зошто падна авионот во кој патуваше најскапото засилување на Кардиф Сити. Семејствата на двата патника се веќе информирани дека е пронајден авионот, а двајцата се прогласени за мртви.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.