Фудбалскиот сојуз на Португалија во вторникот ја објави веста дека најдобриот играч, Кристијано Роналдо е позитивен на корона. Откако дозна дека има Ковид-19, Роналдо се изолираше во хотелската соба сместена во тренинг кампот на португалската репрезентација.
Напаѓачот на Јувентус се чувствува добро, тој нема никакви симптоми и врз основа на фотографиите што се појавија може да се каже дека е прилично добро расположен.
Поради позитивниот тест, Роналдо ќе го пропушти дуелот против Шведска во Лигата на нациите и следните три натпревари на Јувентус. Другите португалски играчи биле негативни на тестирањето.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.