Екипата на Рома денеска забележа убедлива победа од 4-2 над Сасуоло во третото коло од Серија „А“. „Волците“ го решија прашањето на победникот по нешто повеќе од половина час игра, кога веќе реализираа четири гола и практично го затворија натпреварот.

Брајан Кристанте го отвори резултатот во 12-тата минута, а седум минути подоцна Един Џеко удвои. Во 22-та, Хенрих Михтаријан го постигна својот деби гол за 3-0, а 11 минути подоцна Џастин Клајверт стави точка на дуелот.

Резултатот премногу ја опушти домашната екипа која прими два гола во второто полувреме. Доменико Берарди беше прецизен за Сасуоло, постигнувајќи голови во 53-тата и 72-та минута од дуелот.

На тој начин Римјаните ја остварија својата прва победа во новата сезона, откако во првите две кола забележаа две реми против екипите на Џенова и Лацио.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.