Тимот на Манчестер јунајтед ја заврши сезоната во фудбалскиот шампионатот на Англија на шестото место на табелата, а во разочарувчката сезона „црвените ѓаволи“ примија дури 54 гола на 38 натпревари. Ова е најлош резултат на тимот во последните 40 години.

На сите 38 натпревари на голот на Јунајтед беше Шпанецот, Давид де Геа.

Последен пат Јунајтед толку многу голови примил во сезоната 1978/79. Тогаш Лигата броела 22 екипи, па тие одигрле четири натпревари повеќе од годинашната сезона, што е уште еден доказ за катастрофалната кампања на избраниците на Солскјер.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.