Сопругата на црногорски фудбалер Илија Спасојевиќ, блогерката Лели Спасојевиќ почина после кратка и тешка болест во индонезиска болница. Тажната вест на социјалните мрежи ја сподели и црногорскиот пејач Дејан Алибабиќ, кој на фудбалерот и неговата сопруга им беше кум.
Чувствувам неизмерна тага што замина, полна со живот и љубов кон мојот кум и кумашинчињата. Чувствувам бес бидејќи ако постои соврешн и складен пар, тогаш тоа бевте мојот кум и ти, пар кој дише како едно и живее за насмевката на другиот. Чувствувам грижа бидејќи на моите мали пилиња нема кој да им објасни зошто нивната мајка веќе ја нема. Мајката која немаше дадилки, помошнички. Мајка која бдееше над нив, готвеше за нив, дишеше за нив. Постојат такви судбини со кои не сакам и не можам да се помирам – меѓу останатото напиша Данијел крај фотографијата на починатата блогерка.
Инаку 32 годишниот фудбалер Илија е реперезнтативец на Индонезија од 2011 година и го носи дресот на Бали, каде ја запозна сопругата, со која ги доби двете деца, синот Драган и ќерката Ирина.
I
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.