Хрватскиот тренер, Роберт Просинечки нема да ја води репрезентацијата на Босна и Херцеговина во последните два натпревари од квалификациите за Европското првенство во 2020 година. Како што јавуваат балканските спортски медиуми, по поразот од Грција тој за загубил подршката од Извршниот одбор во фудбалската федерација на Босна и Херцеговина, иако пред месец дена не беше прифатена неговата оставка.
Наследникот на Просинечки ќе има тешка задача преку Лигата на нации да ја одведе репрезентацијата на Босна и Херцеговина на Европското првенство кое ќе се одржи во 2020 година.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.