Трансферот на ѕвездата на Спортинг Лисабон, Бруно Фернандеш во Манчестер Јунајтед е пред пропаѓање, пишува „Скај Спортс“. Португалецот беше главна трансфер цел на „црвените ѓаволи“, но по последните преговори, малку е веројатно тој да пристигне на „Олд Трафорд“ летово.
Вчера Фернандеш постигна гол за својот тим во ремито 2-2 со Ливерпул во пријателски наптревар, а пред неколку дена ја потврди својата желба да игра во Премиер Лигата. Сепак според „Скај“, раководството на Манчестер Јунајтед немало позитивни резултати од преговорите, па ќе даде приоритет на други трансфер цели.
Оле Гунар Солскјер бара нов централен дефанзивец, па Хари Мегваер од Лестер е број еден на списокот, но „лисиците“ бараат околу 80 мил. фунти за да го продадат фудбалерот.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.