Смртта на Диего Армандо Марадона ги погоди љубителите на фудбалот, но и оние кои со него го делеа мегданот.

Своите сеќавања за Марадона и за неговата спортска величина ги споделува и легендарниот српски фудбалер Драган Стојковиќ Пикси.

Помина најголемиот, волшебникот во копачки. Тој беше Бог, инспирација за мене. Кога велам Бог, мислам кога некого го сметам за “невидена фигураневеројатен лик, скоја му чест”. Марадона беше вистинско божество, тоо ќе ти го кажат иа во Аргентина, Неапол… Неверојатна личност во секоја смисла. Не мислам дека има љубител на фудбалот на планетата што не го сакаше. И спротивставени навивачи. Едноставно, ако си човек, требаше да го сакаш Диего. Многу сум вознемирен, тој замина прерано, Изјави Пикси за Блиц.

Стојковиќ се потсети и на четвртфиналето на СП 1990 во Италија. Југославија загуби од Аргентина по изведување на пеналите.

Се сеќавам на тој болен пораз. Дали знаеш како се загреваше Марадона? Во копачки, но без врвки. Можеше да се загрее и бос затоа што е Марадона. Во пенал серијата погодив статива, не знаев каде сум. Ми беше полесно кога Марадона не даде гол. Откако нивниот голман одбрани уште два удари, ние испаднавме. Плачев и тој се приближи до мене, ме прегрна и ми рече ‘не плачи. Се е тоа живот. Видов колку добар играч си, ќе има на што да се радуваш. ‘Ако нешто можеше да ме утеши, тоа беа неговите зборови, додаде Стојковиќ.

Пикси и Марадона разменија дресови по тој натпревар, а Стојковиќ истакна дека таа десетка зазема посебно место во неговиот музеј.

 



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.