Цела Европа беше шокирана од немирите на хулиганите oд Хрватска. Грчкиот портал „eleftherostypos.com“ наведува дека Михалис од рано попладне бил во близина на стадионот, каде дошол да купи билет за натпреварот и да се сретне со своите пријатели.
„Другите навивачи беа околу стадионот од 19 часот, а тоа беше откако челниците на навивачите ги повикаа да го чуваат стадионот, бидејќи биле информирани за пристигнувањето на навивачите на Динамо. Несреќниот дечко седел во кафуле во близина на стадионот околу 11. попладне, кога се појавија околу 150 неонацистички хулигани, Bad Blue Boys. Тој се обиде да побегне, кога налета на „глутница“ убијци“.
Навивачот наводно бил избоден со истиот нож како и Алкис Кампанос, навивачот на Арис кој беше убиен во Солун на 1 февруари 2022 година, откако тој и пријателите беа нападнати од навивачите на ПАОК.
„Потоа се здобил со смртоносна рана на раката, која удрила во артерија, што резултирало со неконтролирано крварење, а подоцна било констатирано дека има и модринки на лицето и главата. Во сведочењето е наведено дека бил ранет со нож од типот карамбит.-заоблен нож сличен на оној со кој беше убиен и Алкис Кампанос“, стои во текстот на грчкиот портал
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.