По долгите несогласувања со управата на Интер, Мауро Икарди се пресели во Пари Сен-Жермен каде повторно има проблеми со соиграчите, јавува весникот „Л’Екип“.
Контроверзниот Аргентинец успеал да ги наруши односите со двајца соиграчи од клубот, Анхел ди Марија и Леандо Паредес кои избеглувале комуникација со Икарди заради тоа што се добри пријатели со Макси Лопез, човекот кому Икарди му ја „украде“ сопругата.
„Сапуницата“ околу Ванда Нара е добро позната – таа е поранешна сопруга на Лопез и причината за распадот на тој брак е токму Икарди.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.