Менаџерот на Манчестер Јунајтед, Оле Гунар Солскјер, ќе има уште еден проблем наредниов период, а тоа е повредата на засилувањето Арон Ван-Бисака.
Откако Пол Погба отпадна од францускиот состав за квалификациите поради повреда и ќе работи индивидуално во Керингтон, сега ќе му се придружи и Ван-Бисака кој се надеваше дека ќе добие шанса да дебитира за англиската репрезентација.
Англија ќе игра против Бугарија и Косово, но поради проблеми со грбот, Герет Саутгејт го ослободил од обврските Ван-Бисака, а нема да повикува нов играч бидејќи веќе ги има Трипие и Александер-Арнолд за десната бековска позиција.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.