Фудбалската репрезентација на Швајцарија овој циклус е без еден од своите најдобри играчи, Џердан Шаќири, кој како изговор посочил дека сака да се фокусира на стартното место во Ливерпул, па затоа го одбил повикот. Сепак, швајцарските медиуми тврдат дека постои конфликт со сонародникот Гранит Џака.

„Блик“ тврди дека Шаќири е лут што капитенската лента ја добил Џака, иако двајцата порано беа пријатели и имаат албанско потекло.

Ако е проблемот капитенската лента, ќе седнеме и ќе разговараме. Јас и тој. Ќе му ја дадам лентата ако тоа е проблемот, ќе дадам сè за репрезентацијата, изјавил Џака.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.