ПСЖ ја осигура Лига 1 неколку кола пред крајот на сезоната, но рано отпадна од Лигата на Шампионите и го загуби финалето на Купот на Франција по изведување на пенали. Но по се изгледа даке титулата во Франција не е доволна за да има хармонија во соблекувалната.

За сериозна расправија меѓу Нејмар и Џулијан Дракслер јавува „Паризиен“ во денешното издание кој додава дека конфликтот за малку не прераснал во тепачка. Пред неколку дена двајцата влегле во вербален дуел, откако германскиот репрезентативец направил забелешка на Нејмар дека игра премногу индивидуално и не ја додава топката на своите соиграчи.

Како одговор, Бразилецот рекол: „Кој си ти да ми зборуваш на ваков начин? Знаеш само да ја враќаш топката назад“.

Веднаш потоа,тренерот на ПСЖ, Томас Тухел и неколку играчи на тимот, спречиле физичка пресметка меѓу двајцата.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.