Атносферата во тимот на Интер воопшто не е добра, а кога резултатите не се на очекуваното ниво, незадоволството излегува на виделина. Хрватот Перишиќ побарал да си замине и веќе се договорил со Арсенал, а од раководството на клубот потврдиле дека тој е незадволен.
Toј не е единствениот незадоволен фудбалер кај „нероазурите“. Гаљардини, Вечино и Кандрева исто така не ја добиваат посакуваната минутажа во клубот, па по последните случувања и тие го изразиле своето незадоволство во клубот и наводно побаралe трансфер.
Дека ситуацијата е сериозна потврдува и фактот дека претседателот Стивен Жанг останал во Италија и го откажал своето патување во татковината за кинеската Нова година. Тој планира повторно големи промени на лето бидејќи е разочаран е од резултатите.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.