Германскиот гигант Баерн Минхен и покрај тоа што ја подобри формата од почетокот на сеозната, „Билд“ открива дека во таборот на баварскиот тим не владее добра атмосфера. Тренерот Ковач деновиве задоцнил на еден од тренинзите, што пак предизвикало ревлот кај фудбалерите, бидејќи само ден порано тој им одржал лекција за доцнење на играчите.

Најголем проблем направил Тијаго Алкантара кој пак бил бесен по последниот натпревар во Бундес-лигата кој „баварците“ го одиграа во петокот со Аугсбург (2-3). Тој влегол во вербална пресметка со Ковач, по што настанала голема караница во соблекувалната. Причината за ваквата постапка на Шпанецот била одлуката на тренерот да го извади од игра во 82. минута.

Хрватот Ковач на клупата на Баерн дојде на почетокот на сезонава кога немаше добар старт, а сегашната атносфера во тимот сигурно нема да помогне пред тешкиот двомеч против Ливерпул во Лигата на шампионите. Првиот меч на „Енфилд“ екипите ќе го одиграат утре од 21 часот.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.