Во донираната Библија се најдоа приватни фотографии на Габриел Хесус кој игра за Манчестер Сити и фудбалерот на Атлетико Мадрид, Диего Коста.

Двајцата се без горниот дел од облеката, а беа фотографирани со истата девојка чиј идентитет не е познат.

Интересно, и двете фотографии беа пронајдени во Библијата донирана во една од добротворните продавници.

Библијата, наводно, ја донирал една личност со латински изглед, која рекла дека нејзината пријателка сака да се ослободи од некои работи.

Никој сè уште не е сигурен што да прави со фотографиите, но англиските новинари некако ги „грабнаа“ и двајцата фудбалери се појавија на насловната страница.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.