Мишел Платини изутринава бил однесен во полициски притвор, во рамките на истрагата за доделувањето на Светското првенство во фудбал на Катар во 2022 година, пренесува дописникот на МИА од Париз, повикувајќи се на информативниот интернет портал „Медиапарт“.
Мишел Платини во моментов е на сослушување во просториите на Антикорупциската канцеларија на судската полиција, во Нантер.
Поранешниот претседател на УЕФА се испитува во врска со истрагата за спорното доделување на Светското првенство во Катар во 2022 година.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.