Македонската фудбалска репрезентација го игра првиот натпревар на Европското првенство во недела на 13. јуни 2021 година во 19 часот по локално време (18 македонско) на Националната арена во Букурешт. Нашите фудбалери ќе имаат поддршка од трибините од македонски навивачи што ќе патуваат во Букурешт, но за влез на стадионот ќе треба да исполнат доста обемна и сложена процедура.
Првиот чекор што треба да го направите е да ја преземете апликацијата Билети за мобилни телефони (iOS / Android) и проверете го Вашиот билет.
Ако сте вакцинирани, сте прелешале Ковид-19 или сте биле негативни на тест 72 часа пред натпреварот, одете во акредитираните медицински центри и земете ја нараквицата за пристап. Нараквицата може да ја набавите почнувајќи од сабота, 12 јуни, во 8:00 часот од еден од наведените медицински центри. Постапката за верификација ќе ве чини 5 леи (околу едно евро). Ако немате докази за имунизација против Ковид-19, одете во еден од акредитираните медицински центри. Може да се тестирате почнувајќи од Сабота, 12 јуни, од 16:00 часот до времето на натпреварот.
Имајте во предвид дека сепак мора да бидете присутни на стадионот одредено време пред натпреварот – оваа информација е прикачена на билетот. Постапката за тестирање ќе ве чини 40 леи. Ако сте тестирани негативни, ќе ја добиете нараквицата за пристап. Ако имате позитивен тест, не можете да одите на натпреварот, не ја добивате нараквицата, но може да го пренесете билетот преку апликацијата на пријател, кој мора да ја набави нараквицата. Дојдете на стадионот со 3-те потребни предмети: билет, нараквица и личен документ за идентификација. Во спротивно, нема да можете да влезете.
Внимавајте на времето за пристап на стадионот означено на билетот. Така ќе избегнете метеж на влезот и во транспортните средства. Не доаѓајте со багаж поголем од димензиите на лист А4. Исто така, нема да ви биде дозволено да влегувате со чадори, храна или пијалоци.
Видео камерите и професионалните фотоапарати не се дозволени на стадионот. Штом ќе дојдете на портата на стадионот, носењето маска е задолжително се додека не заминете по завршувањето на натпреварот. Носете резервни маски во случај да се оштети првата. Само хируршките или FFP маските се прифаќаат, а не оние направени од друг текстил.
Во внатрешноста на стадионот ќе можете да купите вода, сокови и сендвичи. Храната може да се конзумира само на местата распоредени во близина на продажните места. Ќе можете да влезете на трибините само со пијалоци. Моментите кога јадете или пиете се единствените кога не носите маска.
Маската е задолжителна и мора да ги покрие устата и носот. Алкохолот не е дозволен на стадионот. Дезинфицирајте ги рацете секогаш кога имате можност. На стадионот ќе најдете диспензери со средства за дезинфекција – користете ги! Вие го правите тоа за Ваша лична заштита. Држете го своето место наведено на билетот.
Дизајниран е систем за дистрибуција на билети за да се обезбеди растојание што Ве штити од ризик да добиете Ковид-19. Не ја компромитирајте оваа безбедносна мерка, таа е за Вашето здравје. На крајот од натпреварот, не правете метеж. Обезбедени се доволни излези за да не настане метеж. Волонтерите се таму за да ве водат кон излезот. Ако сте ги испочитувале сите епидемиолошки мерки откако дојдовте на стадионот, не ги откажувајте на крајот со преполнување на портите. Ќе ги сретнете волонтерите низ целиот стадион, од моментот кога ќе влезете додека не заминете.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.