Австрискиот играч Марко Арнаутовиќ на минута пред крајот на мечот го постави конечниот резултат 3:1 за Австрија.
Историскиот гол за Австрија за прва историска победа на европските натпреварувања уште од 1990 Арнаутовиќ го прослави со низа вулгарни пцости упатени кон нашиот Езѓан Алиоски.
„Да ти ебам мајката“ е само една од канонадата пцости што му ги упати Арнаутовиќ на Алиоски, со кого дојде до судир во текот на натпреварот.
Арнаутовиќ е по татко Србин, а по мајка Австриец, а е познат по примитивното однесување.
За да го смири во вулгарната прослава на голот, австрискиот капитен Давид Алаба дотрча до него и силно го стисна за вилицата се додека не се смири разјарениот примитивец.
Наводно, Арнаутовиќ му го собирал на Алиоски уште од Англија, од времето кога Австриецот играл за Стоук и Вест Хем до пред една година. Џани, пак, од 2017 е член на Лидс.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.