Катарскиот бизнисмен Насер Ал-Келаифи е ослободен од обвиненијата за „тешка кривична злоупотреба“ во петокот во случај за примање мито, во кој беше вклучен и поранешниот генерален секретар на ФИФА, Џером Валке.

Федералниот кривичен суд во Белинзона, Швајцарија, го осуди Валке на условна казна од 120 дена, откако го прогласи за виновен за корупција поврзана со доделување на права на медиуми на Светско првенство во Италија и Грција, во дослух со грчкиот бизнисмен Динос Дерис.

Ал-Келаифи, кој е претседател на „Беин Медиа Груп“, претседател на Катар Спорт Инвестментс и претседател на фудбалскиот клуб Пари Сен Жермен е обвинет за склучување „коруптивен договор“ со Валке со цел да се здобијат со медиумски права во Северна Африка и на Блискиот исток за Светските првенства во 2026 и 2030 година за Беин.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.