Сагата околу иднината на Килијан Мбапе се чини дека е завршена откако лично претседателот на ПСЖ, Насер Ал-Келаифи изјави дека е „200 отсто сигурен“ дека играчот ќе остане во клубот.

Името на талентираниот француски репрезентативец веќе подолго време се поврзуваше со Реал Мадрид, а и самиот тој посочи дека може да го напушти клубот, но очигледно мислењето на неговиот тим е сосема поинакво.

Килијан сака да биде повеќе вклучен во нашиот проект и да порасне со тимот. Тој е многу интелигентно момче и убеден сум дека ме разбрал правилно. Сигурен сум дека 200% ќе остане во тимот и нема шанси да го продадеме овој играч, изјави претседателот на парискиот тим.вз



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.