Откако Атлетико Мадрид го обжали трансферот на Антоан Гризман кој од нивните редови премина во Барселона за сума од 120 милиони евра, шпанските медиуми пишуваат дека тој би можел да добие забрана за настап со Ла Лига.

Откупната клаузула на Гризман падна од 200 милиони евра на 120 милиони на 1 јули, а од Атлетико обвинуваат дека договорот помеѓу Барселона и фудбалерот бил постигнат пред први јули, што значи дека каталонскиот клуб треба да ги исплати потребните 200 милиони евра за играчот.

Токму затоа од Атлетико го пријавија случајот во Ла Лига, а со коментар се јави и првиот човек на натпреварувањето, Хавиер Тебас.

Можно е овој трансфер да биде блокиран. Ла Лига наскоро ќе одлучи какви мерки ќе преземе околу целиот овој случај. Атлетико поднесе жалба и ние мора да разгледаме дали ќе издадеме лиценца за преминот на Гризман во Барселона. Веќе е покренат процес, а тие кои го разгледуваат случајот ќе мора и да го решат, изјавил Тебас во интервју за „Онда Серо“.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.