Потпретседателот на Супер лигата и претседател на Јувентус, Андреа Ањели ги демантираше информациите за напуштање на торинскиот клуб.

– Јас не го напуштам клубот. Кој ќе го тврди спротивното, ми носи среќа, го цитира Ањели, новинарот Фабрицио Романо.

Шпекулациите за заминување на Ањели од претседателското место во Јувентус се појавија по пропаѓањето на проектот за Супер лигата, како и по слабата сезона за тимот кој по 31 коло е на 4. место во Серија А



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.