Фудбалската федерација на Македонија вечерва ја извести јавноста дека претседтелот Муамед Сејдини е позитивен на ковид-19. Сејдини почувствувал симптоми во петокот, а на денешниот тест во Скопје е позитивен.
Претседателот е веќе во карантин, не го следеше натпреварот против Лихтенштајн од свечената ложа, а нема да патува ни за Дуизбург во вторник наутро.
Германците инсистираат само мала делегација да пристигне за натпреварот во среда и сите ќе бидат дополнително тестирани по пристигнувањето на аеродромот во Дуизбург.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.