Претседателот на Фудбалската федерација на Македонија (ФФМ), Муамед Сејдини, кој во март годинава едногласно беше реизбран за прв човек на македонскиот фудбал, „леташе орли“ на прославата на шампионската титула на Шкендија, која официјално се круниса за македонски првак по четврти пат во историјата.
Иако е прв човек на македонскиот фудбал, па би требало и да е неутрален, Сејдини беше дел од големата прослава на шампионската титула на Шкендија во Тетово, па уште и застана со газдата Лазим Дестани, гостите од Косово и скоро целиот тим на црвено-црните, да позира со иредентистичкиот поздрав кој симболизира обединета и Голема Албанија.
На прославата на Шкендија, на која Сејдини го додели пехарот за првак, покрај газдата Дестани, се појавија и тетовската градоначалничка Теута Арифи и претседателот на владејачката ДУИ, Али Ахмети, па му се радуваа на трофејот, колку само да потврдат дека во македонскиот фудбал буквално сѐ се врти околу политиката.
Прашање е само кој ќе го санкционира сега скандалозното однесување на претседателот на ФФМ, за оваа иредентистичка гестикулација со „летањето орли“?
Според статутот на УЕФА, секое дејствие кое предизвикува било каква дискриминација или омраза по верска, етничка или расна основа најстрого се санкционира.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.