Претседателот на Атлетико Мадрид, Енрике Церезо, изјави дека Антоан Гризман сигурно ќе остане во клубот и нема на лето да замине во Барселона како што се шпекулира последниве денови.

Нема шанси Гризман да си замине на лето. Останува 1.000%, кусо порачал Церезо.

Актуелниот договор на францускиот репрезентативец со Атлетико е со важност до 2023 година.

Оваа сезона Гризман настапувајќи за Атлетико постигна 18 голови и запиша девет асистенции.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.