Светската фудбалска федерација (ФИФА) донесе одлука за зголемување на премиите за следното Светско прввенствово Катар 2022 година.

Според новиот награден фонд, победникот на Мундијалот ќе заработи 50 милиони долари, плус дополнителни 10 милиони долари за пласманот и дополнителни два милиони за подготовките.

Тоа значи дека сите учесници ќе заработат најмалку по 12 милиони долари, сума до која може да дојде Македонија ако успее да се пласира на Мундијалот.

На ждрепката одржана во Цирих, македонија како противници во квалификациите ги доби селекциите на Германија, Исланд, Романија, Ерменија и Лихтенштајн.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.