Од оваа среда, спортските манифестации во Лондон повторно ќе се одржуваат без присуство на навивачи, откако надлежните власти воведоа трет, највисок, степен на ограничување во британската престолнина, како последица на растот на бројот заразени со корона вирусот.
Одлуката доаѓа само две недели откако на 2 декември беше дозволено ограничено присуство на навивачи во Премиерлигата, за првпат од март годинава.
Како што јави „Би-Би-Си“ натпреварите Вест Хем – Кристал Палас, Арсенал – Саутемптон и Фулам – Брајтон, што треба да ги играат в среда, ќе бидат без навивачи на трибините.
Со разочарување потврдуваме дека не сме во можност да пречекаме навивачи на нашиот стадион за натпреварот во Премиерлигата против Саутемптон – објавија од Арсенал на официјалниот Твитер профил.
We are disappointed to confirm that we are no longer able to welcome fans to Emirates Stadium for our Premier League fixture against Southampton on Wednesday, December 16
— Arsenal (@Arsenal) December 14, 2020
Ливерпул, Евертон, Саутемптон и Брајтон, засега, остануваат единствените премиерлигаши, кои и натаму ќе можат да ги играат своите домашни натпревари во присуство на навивачи, во ограничен број до максимум 2.000.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.