Англискиот прволигаш Вулверхемптон соопшти дека тренерот Нуно Еспирито Санто ќе го напушти клубот на крајот од сезоната од која преостанува да се одигра уште последното коло.
Клупската управа и португалскиот тренер спогодбено се договориле да стават крај на соработката
Од првиот ден на моето доаѓање на „Комптон“, амбицијата беше да направиме позитивни промени и да го туркаме клубот напред и горд сум што можам да кажам дека тоа го работевме секојдневно. Нашите цели ги остваривме, тоа го постигнавме заедно и со многу страст – изјави Нуно за клупскиот сајт.
Вулверхемптон е 12. на табелата пред последното коло во Премиер лигата во кое в недела го пречекува Манчестер јунајтед.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.