Турските медиуми пишуваат дека и премиерлигашот Ливерпул е заинтересиран за македонскиот репрезентативец, Елиф Елмас кој во моментов привлекува внимание од повеќе европски гиганти.

Неодамна медиумите на Островот пишувааа дека Тотенхем нуди 23 милиони евра за Елмас, а сега дека и Ливерпул се вклучува во трката.

Претходно Елмас се поврзуваше со Манчестер Сити, Борусија Дортмунд, Лацио, Фиорентина, како и со клубови од Холандија и Португалија… Турските медиуми очекуваат голем број на скаути да бидат присутни на денешното дерби меѓу Фенербахче и Галатасрај токму поради Елиф Елмас.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.