Англиската Премиер лига направи измени во календарот за да им дозволи на сите клубови да одиграат барем еден натпревар на домашен терен пред навивачи.

На стадионите во Премиер лигата од 17. мај ќе може да присуствуваат навивачи во ограничен број, а тоа значи дека ќе можат да го гледаат само последното коло кое се игра на 23. мај.

Тоа би значело дека само половина од екипите ќе играат пред своите навивачи, а за да не бида така, Премиер лигата направи измени во календарот, па 36. коло, кое требаше да се игра на 11. и 12. мај е преместено за 15. и 16. мај. Претпоследното коло е преместено за 18. и 19. мај, додека последното коло останува да се одигра на 23. мај.

На стадионите во Премиер лигата ќе биде дозволено присуство на највеќе 10.000 домашни навивачи или 25 проценти од капацитетот на стадионите. Гостинските навивачи нема да смеат да смеат да присуствуваат на натпреварите.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.