Комисијата за клупски натпреварувања на Европската фудбалска асоцијација (УЕФА) препорача укинување на правилото за гол во гости во европските натпреварувања.

За препораката да стане правосилна потребно е да добие поддршка од мнозинството членови на Извршниот одбор на УЕФА.

Правилото, според кое, гол постигнат на гостински терен вреди повеќе од гол постигнат на домашен терен е на сила во европските клупски натпреварувања од 1965 година



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.