За домаќинството на Катар за Светското првенство во 2022 година се крена многу „прашина“ во претходните години, но едно е сигурно, а тоа е дека од ноември 2022 ќе може да ги гледаме дуелите на најдобрите светски репрезентации.
Во разни полициски истраги беше докажано дека поранешни вработени на ФИФА земале голема сума пари за корупција, па на крајот беше одлучено Мундијалот да се игра во Катар. Тоа беше голем шок за фудбалската јавност, зашто на сите им е јасно дека не е можно да се игра Светско првенство во текот на лето поради високите температури во зејата.
Катар мораше да направи нови стадиони, а различни скандали ги потресуваа организаторите. Решено е да се игра Мундијалот во зима, а тоа беше уште еден шок за навивачите, зашто во ноември и декември ќе го следиме Мундијалот.
До почетокот на Мундијалот останаа четири години, а подготовките се во тек, па веќе се шпекулира во кои термини ќе се играат натпреварите. Очигледно првиот дуел ќе го гледаме во 11 часот наутро, а потоа ќе има во 14, 16 и 20 часот.
Верувам дека ова ќе биде спектакуларен Мундијал. Фудбалерите ќе бидат во форма и одморени, а нема да трае вечно, туку само 28 дена. Лигите ќе почнат три недели подоцна и на пауза ќе се оди во ноември, кажа потпретседателот на ФИФА, Џим Бојс.
#Qatar World Cup games could start at 10am, 1pm, 4pm and 7pm (GMT/British time) if there are four group games per day, organisers say. #Qatar2022 #WorldCup #FIFA
— David Harding (@DavidHardingAFP) December 4, 2018
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.