Следат два слободни дена на Европското фубалско првенство, а во петок почнуваат четврт-финалените натпревари на шампионатот.

Возбудувањата ќе почнат в петок, со дуелот во 18 часот во Санкт Петербург, каде силите ќе ги одмерат Швајцарија и Шпанија. Три часа подоцна е пресметката меѓу Италија и Белгија, што ќе се игра на „Алијанц Арена“ во Минхен.

За сабота во 18 часот во Баку е закажан третиот четвртфинален дуел меѓу Данска и Чешка, а четвртфиналните возбудувања ќе завршат на „Олимпико“ во Рим, каде во 21 часот силите ќе ги одмерат Англија и Украина.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.