Јувентус испратил официјална понуда за трансфер на напаѓачот на Пари Сен-Жермен, Мауро Икарди.
Како што објави италијанскиот новинар, Ромео Агрести, клубот од Торино сака да го позајми 28-годишниот Аргентинец со опција за откуп по крајот на сезоната.
Сега „бјанконерите“ чекаат одлука и одговор од француска страна.
Икарди дојде во ПСЖ од Интер. Како дел од францускиот тим, 28-годишниот напаѓач играше на 66 натпревари при што постигна 35 гола и имаше 10 асистенции.
Моменталниот договор помеѓу аргентинскиот напаѓач и францускиот клуб има важност уште три сезони.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.