Напаѓачот на бундеслигашот Борусија Дортмунд, Ерлинг Халанд најверојатно ќе отсуствува од фудбалските терени до Божиќ.
Лошата вест за жолто-црните ја соопшти неговиот татко Алф-Инге за норвешката телевизија ТВ2.
Тој е релативно добро со оглед на ситуацијата, но ќе паузира уште извесно време. Би било бонус кога би заиграл пред Божиќ, но тоа е малку веројатно – изјави Алф-Инге Халанд.
Норвешкиот голгетер е надвор од терените од 20 октомври кога го повреди колкот на натпреварот против Ајакс во Лигата на шампионите.
Поради повреда на мускул, Халанд паузираше и во септември, но, сепак, 21-годишниот напаѓач сезонава постигна 13 голови во сите натпреварувања.
Борусија Дортмунд е второпласирана во Бундеслигата со бод помалку од лидерот Баерн Минхен.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.