Екипата на Ливерпул го претстави новиот сет на дресови, коишто во претстојната сезона ќе се користат при гостувањата.

Новиот дрес од американската компанија „Најки“ многу потсетува на некои минати убави времиња, особено што кај вратот има јака и копчиња.

Како модел при презентацијата на дресот беше одбран новиот играч на клубот, Ибрахимa Конатe. 22-годишнит стопер летово премина во Ливерпул од редовите на Лајпциг и ќе го носи бројот 5 на дресот.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.