Иван Ракитиќ се прости од Барселона и по шест години се врати во Севилја. Клубот од Андалузија за Ракитиќ ќе плати 1.500.000 евра, а Барселона ќе може да заработи дополнителни 9.000.000 доколку во наредните две години Ракитиќ со Севилја избори пласман во Лигата на шампионите.
Барселона организираше свечена церемонија и прес-конференција на која Ракитиќ се прости од клубот. Хрватот во шестте сезони стана четвртиот странец со најмногу настапи во историјата на клубот.
Имав голема чест да го носам овој дрес. Заминувам среќен. Благодарен сум им на тројцата тренери. Луис Енрике ми овозможи да дојдам во Барселона, а уживав да играм за Ернесто Валверде и Кике Сетиен. Од соиграчите морам да ги издвојам Чави и Иниеста. Годината со Чави беше исклучително важна за мене, а Иниеста потоа ми стана еден од најдобрите пријатели, рекол Ракитиќ.
Ракитиќ за Барселона одигра 310 натпревари, постигнал 36 голови и забележал 36 асистенции. Со клубот освоил 13 трофеи, вклучувајќи ја и Лигата на шампионите во 2015 година. Во финалето Барселона го победи Јувентус со 3:1, а првиот гол го постигна Ракитиќ.
Барселона пред една година се обиде да го натера Ракитиќ да си замине, користејќи гово обидот да го придобијат Нејмар од Париз, што предизвика да го натераат да забележи дека тој „не е вреќа со компири“.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.