Иако на Европското фудбалско првенство се уште се игра само второто коло од групната фаза, веќе е поставен нов рекорд по постигнати автоголови. Досега пет фудбалери ја погодија сопствената мрежа, а два од нив беа дело на играчите на Португалија, Рубен Диас и Рафаел Гереиро, во поразот од германија со 4:2.

Покрај двајцата Португалци, на ЕВРО 2020 автогол постигнаа и Германецот Матс Хумелс на мечот со Франција (0:1), голманот на полската репрезентација Војчех Шчесни на средбата со Словачка (1:2) и дефанзивецот на турската репрезентација Мерих Демирал во мечот со Италија (0:3).

Досега, рекордот според постигнати автоголови на едно европско првенство изнесуваше три автогола поставен на ЕВРО 2016.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.