Англискиот прволигаш, Тотенхем стави крај на сагата околу наследникот на Португалецот Жозе Мурињо, назначувајќи го неговиот сонародник Нуно Еспирито Санто за нов тренер.

Премиерлигашот од Лондон објави дека Нуно ќе биде на клупата на Тотенхем до крајот на 2023 година.

Санто оди во Тотенхем по четиригодишен престој во премиерлигашот Вулверхемптон, со кој избори пласман во Премиер лигата во сезоната 2018/19, а следната сезона избори пласман и во четврт-финалето во Лига Европа.

Пред сè, сакам да му посакам добредојде на Нуно во клубот. Исто така, сакам да им се заблагодарам на нашите навивачи за трпението што го покажаа во целиот овој процес – изјави за клупскиот сајт претседателот на Тотенхем, Даниел Леви.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.