Легендарниот италијански голман, Џанлуиџи Буфон не размислува да замине во пензија, а меѓу понудите по заминувањето од ПСЖ, најнова е таа на Порто.

Менаџерот на Буфон, Силвано Мартина им потврди на португалските медиуми дека постои понуда од Порто и дека италијанскиот голман е заинтересиран за заминување во Португалија.

Да, постои интерес од Порто, од каде што сме контактирани. Буфон сака да брани уште една година, Порто му се допаѓа, но има четири деца и семејство и мора да размисли околу тоа, изјавил Мартина.

Буфон има 42 години, кариерата ја започна во Парма, а од 2001 до 2018 го бранеше голот на Јувентус, од каде минатата сезона замина во ПСЖ.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.