Актуелниот португалски шампион, Порто и официјално потврди дека нивниот голман Икер Касилјас доживеал срцев удар на денешниот утрински тренинг.
Клубот од Лисабон посочи дека ветеранот веднаш бил пренесен во болница, но и воедно соопшти позитивини информации околу неговата здравствена ситуација. Имено Шпанецот е надвор од животна опасност, стабилен е и е решен проблемот со срцето.
Воедно Порто преку социјалните мрежи испрати и јасна порака за својот голман.
-Секогаш заедно. Форца Икер, -се вели во пораката на „Твитер“.
Ова секако е добра вест, ама останува прашањето дали легендата воопшто ќе може да се врати на терените или предвреме ќе мора да и стави крај на импресивната кариера.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.