Фудбалската федерација на Турција и селекторот на националниот тим Шенол Ѓунеш договорија денеска заемен прекин на соработката.
До раскин на договорот дојде откако турската репрезентација загуби во вторникот во мундијалските квалификации со високи 6-1 на гостувањето против Холандија во Амстердам.
За Турција тоа беше прв пораз во квалификациската група Г, на кој му претходеше и киксот на домашен терен против Црна Гора, кога Турците освоија само бод по водството од 2-0.
– По разговорот со главниот тренер на националниот тим Шенол Ѓунеш, одлучено е спогодбено да се разделиме, стои во официјалното соопштение на Турската фудбалска федерација.
Гунеш седна на селекторската клупа во март 2019 година, а, засега, се уште нема официјални најави кој би можел да го наследи на должноста
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.