Бразилската фудбалска ѕвезда на ПСЖ, беше многу погоден по поразот во финалето на Лигата на шампионите од Баерн Минхен со 1:0.
Неуспехот до толку му падна тешко на Нејмар што тој по мечот, во желба да им честита на Баварците за освоениот трофеј, го утна името на клубот од кого загуби во финалето.
Поразите се составен дел од спортот. Дадовме се од нас, се боревме до последниот момент. Голема благодарност за поддршката што ја добивме од сите вас. Честитки за Баер – напиша Нејмар, изоставувајќи ја „Б“, последната буква од името на клубот Баерн Минхен.
Таквиот твит на Бразилецот предизвика одговор од клубот што доби честитки од него. Од Баер Леверкузен одговорија само со зачудено емоџи.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.